Невреме и земјотреси во САД

Од:

Стотина летови се одложени во Флорида поради тропската бура „Исак“. Во исто време југот на Калифорнија го погоди земјотрес со јачина од 5.4 степени по Рихтер.

На југот на Флорида паѓа дожд и дува силен ветер, а според изјавите на стручните лица од Националниот американски центар за следење на ураганите, „Исак“ за неколку дена би можел да достигне сила на ураган.

„Исак“ досега на Карибите однесе девет животи. Без струја на Флорида, останаа близу 10 илјади луѓе, додека на меѓународниот аеродром во Мајами откажани се 550 полетувања.

Бурата достигнува брзина од 95 километри на час во епиценатарот и се движи кон северозапад.

Во целата северна област на Мексиканскиот залив запрени се работите на платформите за нафта и гас и е издадено предупредување за ураган.

Мали или умерени земјотреси ја погодија областа од Сан Диего и Округот Оринџ во Калифорнија, на исток до Аризона.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

Тројца загинати во разорниот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо