Невреме ги парализира Израел и Западниот брег

Од:

Израел и Западниот брег од вчера се парализирани поради снегот и лошите временски услови.

Регионот е блокиран главно поради тоа што Израелците и Палестинците немаат многу искуство со снежните врнежи и имаат лошо сеќавање од 2013 година, кога стотици автомобили останаа со часови блокирани на студот. Овој пат полицијата презеде превентивни мерки и ги затвори двете главни магистрали кон Ерусалим уште со паѓањето на првите снегулки.

Жителите на Ерусалим, кој се наоѓа на околу 800 метри надморска височина, воопшто не излегуваат надвор откако почнал да дувасилен ветер, носејќи замрзнат дожд.

Со цел да обезбедат храна, Израелците и Палестинците буквално ги „нападнале“ локалните продавници и супермаркети уште од почетокот на оваа недела.

Сите училишта во Ерусалим, како и Еврејскиот универзитет, се затворени.

Некои израелски семејства, повеќето во крајбрежните делови, останале без струја.

Во Ерусалим дежураат 150 булдожери, доколку биде потребно деблокирање на главните улици поради снегот, а општината имала складирано 200 тони сол, прехранбени производи, облека и генератори.

Пусти се улиците и во Појасот Газа, каде локалното население не излегува од домовите со надеж да се стоплат некако и покрај честите прекини на електричната мрежа.

Во Рамала и Хеброн, исто така, улиците се празни, а на почетокот од неделава Палестинците добија пет булдожери од Јордан.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск