Невладин брод спаси 60 мигранти во близина на Либија

Од:

Спасувачкиот брод „Океански Викинг“ спаси 60 мигранти во близина на брегот на Либија, соопштија двете добротворни организации што управуваат со бродот.

Спасувачката операција била спроведена на 60 наутички милји (111 километар) од либискиот брег, напишаа на Твитер невладините организации СОС Медитеран и Лекари без граници.

Меѓу спасените мигранти имало и едно тримесечно бебе.

Океански Викинг претходно спаси 215 луѓе. Тие во неделата беа однесени во сицилијанското пристаниште Месина, освен две лица на кои им беше потребна медицинска помош и со хеликоптер беа пренесени на Малта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски