Невакцинираните имаат 11 пати поголема веројатност да го загубат животот од Ковид-19

Од:

Нова студија направена во САД покажува дека вакцините против Ковид-19 овозможуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кои ја вклучуваат високо заразната варијанта делта.

Студијата направена на 600.000 луѓе во периодот од април до средината на јули, открила дека луѓето кои не биле вакцинирани имале 10 пати поголема веројатност да бидат сместени во болница и 11 пати поголема веројатност да завршат со смрт од оние кои биле потполно вакцинирани.

Невакцинираните имале 4,5 пати поголеми шанси да се заразат, според студијата која вчера ја објави Центарот за контрола и превенсија на болести .

Истиот Центар објави и две други студии кои покажуваат дека заштитата од вакцините се намалува кај постарата публикација, посебно кај оние од 75 години нагоре.

Студијата, исто така, покажа пораст на поблаги инфекции меѓу потполно вакцинираните.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразиле повеќе од 240 милиони луѓе

Истражување: Ковид може да предизвика проблеми со плодноста

Како лажната наука создаде „чудотворен лек“ против Kовид-19

Поради делта варијантата ќе треба да биде вакцинирано 90 проценти од населението

Катерина Павлова-Николовска

Најголемиот дел од заболените од карцином добро реагираат на вакцините против коронавирус

Катерина Павлова-Николовска

СЗО регистрира пад на новите случаи на Ковид-19 во светот