Неуспешни преговорите за преземање на Карфур од страна на канадски Куше-Тард

Од:

Само четири дена откако стана јасно дека канадската компанија Алиментејшн Куше-Тард (Alimentation Couche-Tard) е подготвена да го преземе францускиот Карфур, двете страни објавија дека ставиле крај на преговорите без резултат.

Кон средината од минатата недела беше објавено дека канадската фирма предложила сума од 20 милијарди долари за да го придобие европскиот гигант. По остри реакции на француската Влада, и критики од експерти, изминатиот викенд двете компании потврдија дека зделка нема да има.

Според Блумберг, двете страни се договориле да работат заедно во области како синџири за достава на продукти и во бизнисот со горива на Куше-Тард.

Откако беше потврдено дека се водат официјални разговори меѓу компаниите, владата на Франција излезе со свој став за темата. Според министерот за финансии Бруно ле Мер, пандемијата „демонстрираше колку е важна внатрешната контрола за доставувањето храна“.

– Од таа гледна точка, не сум приврзаник на идејата Карфур да биде преземен од странски конкурент, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден