Нетанјаху за засилените американски санкции: Иранската империја се клати

Од:

Израелскиот премиер во заминување Бенјамин Нетанјаху денеска оцени дека силниот американски финансиски притисок го предизвика бранот протести против иранската Влада ширум регионот и апелираше на уште позасилена акција против владата во Техеран.

-Гледаме дека иранската империја се клати. Гледаме демонстрации во Техеран, демонстрации во Багдад, демонстрации во Бејрут. Важно е да се зголеми тој притисок против иранската агресија, рече Нетанјаху во Тел Авив пред заминување за Лисабон каде утре ќе се сретне со американскот државен секретар Мајк Помпео.

Израел го смета Иран за свој најголем непријател и предупредува на иранското воено зацврстување во соседна Сирија и поддршката што им ја дава на земјите со екстремистички организации ширум регионот.

Би можело да ве интересира

Жената наречена импичмент

Ана Ололовска

Блумберг најавува намалување на разликите во богатствата меѓу белците и Афроамериканците

Ана Ололовска

ВИДЕО: Американците ги блокираа Русите на сред пат во Сирија, напнато било 15 минути

Предраг Петровиќ

Иран не ги дава на Украина црните кутии од паднатиот авион

А1он

Иран на Киев ќе му ги испрати црните кутии од авионот

А1он

Познати адвокати, обвинители, професори – составен тимот на Трамп за импичментот

А1он