Нетанјаху: Санкциите против Иран треба да се зајакнат

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјахуја предупреди денеска меѓународната заедница да не ги олеснува санкциите против Иран по изборот за претседател на реформаторскиот кандидат Хасан Рохани, бидејќи нуклеарната програма на Техеран останала силно во рацете на владејачките екстремистички духовни лидери.

Нетанјаху ваквата изјава ја даде по објавената победа на Рохани на претседателските избори во Иран.

Израелскиот премиер истакна дека иранските духовни лидери ги дисквалификувале кандидатите од изборната трка со кои имале несогласувања, а меѓународната заедница не треба да се залажува и да го намалува притисокот врз Техеран.

Тој нагласи дека санкциите против Иран треба да се зајакнат, со цел Техеран да биде натеран да ја прекине својата нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел