Нетанјаху: Планот на Трамп за Блискиот Исток ќе биде историски

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека мировниот план за Блискиот Исток, која наскоро ќе го објави администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде „историски“.

– Оваа можност се нуди еднаш во историјата и не можеме да ја пропуштиме. Се надевам дека сме на прагот на историскиот момент за нашата земја, соопшти Нетанјаху пред заминувањето во Вашингтон.

Тој ја повтори својата оценка дека денес Израел има најголем пријател во Белата куќа, каков што никогаш немал и дека затоа постои најголема можност, каква што досега немал.

Нетанјаху ќе отпатува во Вашингтон, каде на утрешната средба со Трамп ќе има можност да разговара за американскиот план за Блискиот исток, што Палестинците однапред го отфрлија.

Трамп во четвртокот најави дека наскоро ќе го открие долгоочекуваниот план.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски