Нетанјаху патува во Европа поради Иран

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира наскоро да патува во Франција и Германија, меѓу другите европски земји, за да инсистира на построги санкции против Иран, јавуваат израелските претставници за “Њујорк тајмс”.

Тоа е можеби наговестување дека Израел го свртува вниманието кон напорите на Израел за запирање на нуклеарната програма на Иран преку дипломатски, наместо со воени средства, коментираат израелските медиуми.

Нетанјаху изјави минатата недела дека Иран веројатно ќе има нуклеарна бомба до летото следната година.

Тој исто така истакна дека не ја исклучува можноста за воен удар врз иранските нуклеарни објекти.

Во извештајот, израелскиот министер за надворешни работи, пак, заклучи дека санкциите тешко го погаѓаат Иран но треба да се наметнат уште нови.

Портпаролот на Министерството Пол Хирсон рече: “Ако сакаме да се избегне воениот конфликт, тогаш повикуваме на зголемување на економските санкции”, пренесува Асошиетед прес.

Друг висок израелски владин претставник изјави дека новата стратегија фокусирана на Европа поради загриженоста за претседателските избори во САД, кога не може да се очекуваат нови акции од Вашингтон.

“Чувството е дека со овие избори нема да видиме многу од американскиот фронт, освен пополнување на дупките на местата каде Иранците најдоа начини да ги изиграат санкциите”, рече неименуван официјален претставник за американски весник, велејќи: “До сега беа САД, а сега следат Европејците. Ако е превртено, нека биде, мора да одиме со она што го имаме. ”

На неодамнешниот состанок на министрите за надворешни работи на европските земји во Кипар, сугерирана е отвореност за заострување на санкциите, рече истиот извор, додавајќи дека не верува дека Европа ќе воведе целосно трговско ембарго врз Исламската Република.

Тој, сепак, смета дека “добро е секогаш да се стремиме повисоко и да видиме што ќе произлезе.”

Израелските медиуми пренесуваат дека портпаролката на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд изјавила дека се гледа успехот од санкциите, кои имаат за цел да се запре контроверзната иранска нуклеарна програма, оценувајќи дека иранската економија е под “огромен притисок”.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск