Нетанјаху останува во самоизолација дополнителни шест дена

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (70) ќе ја продолжи самоизолацијата за шест дена откако беше објавено дека министерот за здравство Јакоб Лицман е позитивен на новиот коронавирус, а согласно препораките на лекарите,соопши денеска израелската Влада.

Нетанјаху ја заврши вчера дводнеделната самоизолација, во која беше по сознанието дека негов советник е болен од Ковид-19.

Министерството за здравство утрово објави дека од Ковид-19 се разболеле Лицман и неговата сопруга и дека се чувствуваат добро.

Лицман (71) е член на Ултра-ортодоксната заедница и ги повика другите припадници да се придржуваат кон мерките на владата за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел