Нетанјаху: Нормализацијата на односите со арапските држави е историски пресврт

Од:

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во пораката по повод Божик по грегоријанскиот календар ги потенцира неодамнешните договори за нормализација на односите на еврејската држава со арапските земји.

– Овој Божик традиционалната порака „мир на земјата“ ќе ја изговорат милиони луѓе ширум светот. И додека нашиот свет страда поради ужасната пандемија со Ковид-19 и поради премногу насилство и судири. Но, исклучително тука на Блискиот Исток, ние напредуваме активно во реализација на библиските пророштва „мир на земјата“ или барем во дел од земјата, истакна Нетанјаху во видео-снимкатѕа објавена на социјалниоте мрежи.

Тој нормализацијата на односите на Израел со Обединети Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко ги оцени како историски пресврт.

– По 26 години без мировен договор имаме четири нови договори за помалку од четири месеци и тоа е само почеток. Тоа е нова и револуционерна промена, што ќе го направи животот подобар, подобро мнесто за сите народи на Блиски Исток. Ќе го направиме светот подобар, посочи Нетанјаху.

Израел потпиша договори за нормализација на односите со ОАЕ и Бахреин во Белата куќа во септември, додека со Судан во октомври. Додека Мароко во вторникот беше домаќин на израелско-американска делегација при што беше потпишан договор.

Според израелските медиуми во договороите посредувале САД и ги наградиле африканските и државите од Персиски Залив за воспоставување на врски со Иразел,

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ