Нетанјаху нема да присуствува на годишната седница на Генералното собрание на ОН

Од:

Претставник во кабинетот на премиерот на Израел, денеска изјави дека Бенјамин Нетанјаху нема да присуствува на овогодинешната седница на Генералното собрание на Обединети нации во Њујорк.

Присуството е откажано по вчерашните предвремени парламентарни избори на кои нема јасен победник и според 91 отсто од преброените гласови Нетанјаху и неговите сојузници од десничарските и верските партии нема мнозинство.

Нетанјаху беше предвидено за време на посетата на САД идната недела да се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп. Се уште не е познато дали средбата помеѓу двајцата лидери ќе биде закажана во друг тремин.

Според делумно преброените гласови сојузот на партии од центарот Сино бело на поранешниот командант на израелската армија Бени Ганц денеска изби на прво место со 32 пратенички мандати од вкупно 120 во Кнесетот.

Партијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Ликуд е на второ место со 31 пратеник, четворица помалку отколку што освои на парламентарните избори што се одржаа во април годинава.

Сојузот на партии на израелските Арапи Заедничка листа освои 13 пратеници со што ќе биде трета партија по големина во Парламентот.

Националистичката партија на поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман Израел наш дом ќе има клучна улога за формирањето на влада, бидејќи за сега има девет пратеници.

Ултраортодоксната партија Обединет јудеизам на Тората има девет места, додека партијата на сефардските верници Шас освои два мандата.

Според нецелосните резултати од предвремените парламентарни избори, десничарскиот сојуз Јамина освои осум пратеници, но веднаш по гласањето објави дека ќе се подели на две партии Еврејски дом и Нова десница.

Левичарскиот сојуз Лабуристи – Гешер ќе има пет пратеници, додека Демократска унија ќе има шест места во Кнесетот.

Конечните резултати ќе бидат објавени утре.

За сега блокот предводен од Ганц, составен од центристички и левичарски партии и сојузот на арапски партии имаат мала предност над десничарско верскиот блок на Нетанјаху, со 56 наспроти 55 пратеници.

Лидерот на Израел наш дом, Либерман претходно најави дека ќе се залага за Влада на национално единство во кое покрај Ликуд и Сино бело би била неговата партија Израел наш дом.

Ниту една коалиција нема мнозинство од 61 пратеник, поради што Влада на национално единство најверојатно е излез од ќор сокакот.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ