Нетанјаху нема да поднесе оставка поради обвинувањата за корупција

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот изјави дека има намера да ги победи на претстојните парламентарни избори и да остане на функција уште многу години и покрај тоа што се соочува со обвиненија за корупција, пренесува „Спутник“.

Израелскиот јавен обвинител Авихаи Манделблит ја објави намерата да поднесе три обвиненија за корупција против Нетанјаху, вклучувајќи поткуп, измама и прекршување на довербата. Според локалните медиуми, Манделбит ќе му даде можност на Нетанјаху да ги оспори обвиненијата на сусдско сослушување.

„Планирам да останам на функција. Ќе бидам премиер уште многу години, но сето тоа зависи од вас, граѓани на државата Израел”, рече Нетанјаху за време на обраќањето до гласачите.

Според Нетанјаху, тој е жртва на „лов на вештерки” чија цел е да влијае врз резултатите од изборите.

Нетанјаху е обвинет за лобирање за израелскиот телекомуникациски гигант „Безек“ и за ветување до еден од најголемите весници, „Једиот Акрон“, дека ќе се справи со нивниот ривал во замена за поволно известување, како и за примање подароци во вредност од речиси 300.000 долари од бизнисмени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран