Нетанјаху најави анексија на сите еврејски населби на Западниот Брег

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ги анектира сите еврејски населби на Западниот Брег, вклучувајќи ги оние во најголемиот палестински град, доколку биде избран на утрешните парламентарни избори.

На прашањето дали тоа ја вклучува и енклавата во која живеат неколку стотина еврејски жители во поделениот град Хеброн, каде често се случуваат судири меѓу Израелците и Палестинците, Нетанјаху одговорил „секако“.

Тој сега се бори за политичко преживување и пред изборите многу ветувал, настојувајќи да ги придобие националистите.

Нетанјаху вети и дека ќе ја анектира плодната долина на Јордан, која зафаќа речиси 30 отсто од Западниот Брег.

Критичарите тврдат дека во случај да ги оствари овие ветувања, ќе биде елеминирана секаква надеж на Палестинците да основаат независна држава.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск