Нетанјаху на местото на несреќата на Мерон: Една од најголемите катастрофи во историјата на Израел

Од:

Смртта на најмалку 44 лица за време на еврејскиот аџилак „е една од најтешките катастрофи“ во историјата на Израел, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој утрово го посети местото на несреќата и ја прогласи недела за ден на жалост.

– Катастрофата на ридот Мерон е една од најлошите што ја погодиле државата Израел, напиша Нетанјаху на Твитер.

Најмалку 44 лица загинаа, меѓу кои и деца, а повеќе од 150 се повредени синоќа во стампедото што се создаде меѓу десетици илјади ултраортодоксни Евреи на светилиште во северен Израел.

Се претпоставува дека некој се сопнал во тесен премин што води кон светилиштето, што предизвикало турканици и паника меѓу верниците.

По повод празникот Лаг БаОмер, ултраортодоксните верници се собираат на планината Мерон. Настанот секогаш е проследен со големи турканици, танцување и палење оган.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск