Нетанјаху: На Израел мора да му се дозволи слободно да дејствува против Иран

Од:

На Израел мора да му се дозволи слободно да дејствува против Иран, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на посетата на Сочи, каде се состана со рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата лидери разговараа за безбедносната координација во Сирија, за што во последните години имаат одржано повеќе од 10 состаноци.

„Безбедносната координација меѓу нас е секогаш важна, а особено сега, бидејќи обидите на Иран да пука врз Израел од Сирија и да ги распореди своите ракети да ги користи против нас се сериозно засилени во минатиот месец“, изјави синоќа Нетанјаху.

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот ја истакнал важноста на безбедносната координација меѓу двете држави, јавија руски медиуми.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски