Нетанјаху мандатар за состав на нова израелска влада

Од:

Израелскиот претседател Ривен Ривлин денеска му додели мандат на премиерто Бенјамин Нетанјаху да формира нова влада по изборите, што се одржаа на 23 март.

Ривлин истакна дека пред седум години кога бил избран за претседател не можел да замисли дека петпати ќе именува мандатар за време на неговиот мандат.

– Главниот фокус треба да се стави на тоа кој може најдобро да формира влада што ќе ја добие довербата на Кнесетот. Имам впечаток дека никој од кандидатите нема шанса да коалицира, посочи Ривлин.

Тој наведе дека е проблематично да се предложи кандидат со кривична пријава, но оти Врховниот суд одлучил дека тоа е дозволено.

Друга опција, која очигледно ја разгледува Ривлин, е испраќање на мандатот директно до Кнесет. Пратениците кои минатата недела положија заклетва ќе имаат неколку недели да најдат кандидат за составување на нова влада.

Одбивањето на Религиозна ционистичка партија да се приклучи на коалиција поддржана од Обединетата арапска листа го отежнува формирањето на владина коалиција.

Претходно, не успеаја преговорите на партиите Јамина и Јеш Атид за влада на единство. Според преговорите Нафтали Бенет требаше да биде премиер во првите две години, а Јаир Лапид во следните 2,5 години. Но, тие не успеаја да се договорат за министерските места.

Би можело да ве интересира

Уапсени три лица во судир меѓу полицијата и Палестинците пред Стариод град во Ерусалим

Ана Ололовска

По масовната вакцинација, во Израел укината обврската за носење маска на отворено

Лавров во Техеран ќе разговара за нуклеарниот договор и кибер нападот врз Натанц

Ана Ололовска

Маас: Хаваријата во Иран не е позитивен знак за нуклеарните преговори

Ана Ололовска

Иран отворено го обвини Израел за нападот врз комплексот Натанц и најави „благовремен одговор“

Ана Ололовска

Шефот на Пентагон, Лојд Остин, со силна поддршка за Израел

Ана Ололовска