Нетанјаху: Ќе го спречиме секој обид за нарушување на израелските граници

Израел ќе ги спречи сите обиди за нарушување на своите граници, било од копно, било од воздух, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Претходно, Израел лансираше пресретнувачка ракета Патриот на дрон, кој според Нетанјаху, дошол од Сирија.

– Сакам да нагласам дека ќе се спротиставиме на сите обиди за нарушување на нашите воздушни и копнени граници, истакна Нетанјаху.

Тој пред поаѓањето за Москва најави и дека со Путин ќе разговара,и за Иран.

Израел е во зголемена воена подготвеност откако силите на сирискиот претседател Башар ал Асад напредуваат во борбите со бунтовниците во близина на Голанската Висорамнина и Јордан.

Нетанјаху годинава неколку пати ја посети Русија, а последниот пат присуствуваше на воената парада на 9 мај во Москва, додека сега го следи и фудбалскиот натпревар меѓу Англија и Хрватска на московскиот стадион „Лужники“.

Би можело да ве интересира

ЕУ бара итно да се стопира уривањето на палестинските домови

Трамп му честита на Нетанјаху за „најдолгиот премиерски стаж во историјата на Израел“

Ана Ололовска

Израел почна со уривање домови во предградијата на Ерусалим

Ана Ололовска

Трамп бара конгресменките да им се извинат на САД и Израел

Ана Ололовска

Температурите во Израел достигнаа рекордни 50 степени

Нетанјаху: ЕУ не треба да го спасува нуклеарниот договор со Иран

Ана Ололовска