Нетанјаху: Ќе го повредам секој кој сака да не повреди

Од:

Израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху ги предупреди Палестинците од појасот Газа, дека Израел ќе продолжи со воени акции против оние кои фрлаат ракети на јужната израелска територија.

Минатата ноќ од Газа кон југот на Израел беа испалени шест ракети што предизвика одмазда кај израелските сили .

Во првичните извештаи е наведено дека се испалени четири ракети од кои две се пресретнати од ракетен штит.

Портпаролот на израелската војска рече дека иако Исламскиот џихад стои зад нападите, Израел и понатаму смета дека Хамас е одговорен за сите напади кои потекнуваат од Газа.

-Вчера се испалени ракети против нашите заедници и ние веднаш им возвративме. Мојата политика вели да го повредам секој кој ќе се обиде да не повреди нас – изјави Нетанјаху и додаде дека нема да дозволи рекетирањето да помине без одговор.

Поранешниот шеф на израелската дипломатија Авигдор Либерман рече дека владата би можела сериозно да ја разгледа можноста за повторна окупација на појасот Газа како одговор на палестинските напади.

Во случај да се случи тоа, крајбрежните градови како што се Тел Авив и Нетанија ќе се најдат пред закана.

-Хaмас нема намера да се помири со еврејското присуство во Израел така што е потребно да се вратиме во Газа и да спроведеме чистење – изјави лидерот на националистичката партија на Израел „Наш дом“, Либерман.

Премиерот Исмаил Ханиј од Хамас истакна дека раководството во Газа не стравува од израелските закани.

-Заканите нема да ја заслабнат одлучноста на палестинскиот народ- нагласи тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски