Нетанјаху: Израелската операција во Газа е извонреден успех

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја оквалификува офанзивата на израелската армија против палестинските милитантни групи во појасот Газа, вклучително и Хамас, како „извонреден успех“.

– Ги постигнавме нашите цели, тоа е голем успех, изјави Нетанјаху пред медиумите во армискиот штаб во Тел Авив по стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот.

Четвртата војна меѓу Израел и Хамас, откако Хамас ја презеде контролата над Газа, траеше 11 дена.

Нетанјаху предупреди дека Израел нема да дозволи нови ракетни напади.

– Ако Хамас смета дека ќе толерираме лансирање на мал број ракети, тогаш е во заблуда, рече тој, ветувајќи дека ќе одговори „со уште поголема сила на сите акти на агресија против израелските населби околу Газа или кој било друг дел на Израел“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел