Нетанјаху и Абас се поздравија првпат по пет години во Париз

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска си ги стиснаа рацете, првпат по пет години, во кулоарите на Светската конференција на ОН за климатските промени во Париз, пренесе ДПА. 

Двајцата не само што се поздравија, туку и си разменија реплики, првпат од 2010 година, кога пропадна последниот круг од директните преговори за надминување на израелско-палестинскиот конфликт.

Во летото 2013 година мировниот процес беше обновен со американско посредништво, но по девет месеци повторно беше прекинат без каков и да било договор.

Нетанјаху и Абас стоеја еден до друг за време на фотосесијата за таканаречената семејна фотографија на лидерите, учесници на конференцијата во париското предградие Бурже.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он