Нетанјаху: Го вративме Хамас со години наназад

Од:

Израелското бомбардирање на Газа кое трае девет дена „го врати Хамас за многу години назад“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху рече дека Хамас му се нанесени „неочекувани удари“ и оти операциите „ќе траат колку што е потребно за да се врати мирот“ на сите израелски граѓани.

Вчера двајца странски земјоделски работници беа убиени со ракети истрелани од палестински милитанти во јужен Израел.

Израел ги продолжи воздушните напади врз Газа. На Западниот брег, најмалку тројца Палестинци беа убиени од израелската полиција за време на протестите во близина на Рамала.

Меѓународните дипломатски напори да се стави крај на насилството не беа многу успешни.

Израел накратко отвори граничен премин во Газа за да дозволи минување на конвој со помош. Сепак, повторно беше затворен откако беше нападнат со палестински минофрлачи и ракети.

Во Газа досега се убиени најмалку 215 лица, вклучувајќи скоро 100 жени и деца, соопшти Министерството за здравство.

Во Израел се убиени 12 лица, вклучувајќи и две деца, соопштија израелските здравствени власти.

Израел соопшти дека меѓу убиените Палестинци има најмалку 150 борци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски