Нетанјаху гневен што ООН ќе истражува израелски злосторства во Газа: Ги охрабруваат терористите

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска експресно реагираше на одлуката на ОН да почеток на меѓународна истрага за злосторствата во Газа, изјавувајќи дека смета дека овој чин ги охрабрува терористите ширум светот.

-Денешната срамна одлука е уште еден пример за анти-израелската опсесија на Обединетите нации. Уште еднаш, мнозинството во Советот за човекови права застана во одбрана на геноцидна терористичка организација која намерно се насочува кон израелски цивили, истовремено претворајќи ги цивилите од Газа во жив штит, рече израелскиот премиер во изјавата.

Нетанјаху оцени дека „оваа пародија го исмева меѓународното право и ги охрабрува терористите ширум светот“.

Советот за човекови права на ОН денесдка во Женева донесе одлука да отвори меѓународна истрага за злосторствата извршени за време на 11-дневниот конфликт меѓу Израел и палестински Хамас во Газа.

-Несомнено е дека Израел има право да го брани својот народ. Меѓутоа, и Палестинците, исто така, имаат права. Истите права, изјави Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачеле и ги повика израелските власти „веднаш да го запрат процесот за иселување на палестинските семејства во согласност со израелските обврски и врз основа на меѓународното право “.

За покренување на истрагата гласаа 24 држави, девет беа против, а 14 беа воздржани, со што ова тело на ОН ја усвои резолуцијата поднесена до ОН од Пакистан, во името на Организацијата за исламска соработка и палестинската делегација во Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Првиот случај на нова мутација на Делта варијантата забележан во Израел

А1он

Израел се подготвува за евентуален напад врз иранските нуклеарни постројки

Лекот „Регенерон“ против Ковид-19 пристигна во Израел, но повеќето пациенти го одбиваат

Ана Ололовска

Меркел: Германија се уште сноси одговорност за Израел

Двајца израелски министри се сретнаа со Абас во Рамалах

Ханија: Израел продолжува со политиката на окупација