Нетанјаху ги предупреди исламистичките групи да не се обидуваат да го нападнат Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја предупреди либанската милитантна група Хезбола и другите исламистички групи да не се обидуваат да го нападнат Израел.

Откако исламистичките ектремисти се обидоа да се инфилтрираат во земјата, премиерот на Израел изјави дека ќе стори се за да ја одбрани својата земја доколку биде нападната.

Армијата на Израел соопшти дека синоќа ги исполнила зацртаните цели во Сирија откако претходно екстемистите се обиделе да подметнат експлозив на израелска територија.

Израелските медиуми соопштуваат дека во акцијата спроведена од нивните власти нападнати биле четворица осомничени за кои се верува дека погинале.

„Ќе сториме се што е потребно за да се одбраниме, на Хезбола и другите им предлагам да размислат околу тоа“, истакна Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел