Нетанјаху е подготвен да го нападне Иран

Од:

Премиерот на Израел и порача на јавноста дека е способен да го „притисне копчето“ за удар врз иранските нуклеарни постројки, ако смета деко мора тоа да го направи.

Нетанјаху додаде дека Иран нема да стане нуклеарна сила, додека е тој премиер.

„Гарантирам, ако повторно бидам избран за премиер дека нема да дозволам Иран да развие нуклеарна бомба“, истакна Нетанјаху.

На прашањето дали е способен да го нападне Иран, тој одговори – „Способен сум, ако морам. Се надевам дека нема да морам“.

Тој нагласи дека не сака војна и дека повеќе би сакал проблемот да се реши со меѓународни санкции.

„Иран напредува чекор по чекор. Денеска не ги молиме луѓето да ни помогнат, Денеска сме подготвени. Ние сме сериозни, тоа не е шоу. Ако нема друг начин да се запре Иран, Израел е подготвен да дејствува“, изјави израелскиот премиер.

На прашањето дали е потребна дозвола од шефот на армијата за напад на Иран, Нетанјаху одговори дека крајната одговорност е кај премиерот. Исто така истакна дека тој и Барак во потполност се согласуваат по прашањето за иранската закана.

Израел смета дека Иран наоружен со атомска бомба претставува егзистенцијална закана, додека земјата одрекува дека прави такво оружје.

 

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ