Нетанјаху бил снимен како води коруптивен разговор со сопственик на весник

Од:

Израелската полиција располага со снимка од разговор, во кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху договара взаемна корист со бизнисменот Нони Мозес, сопственик на еден од најпродаваните весници во земјата, пренесе ДПА.

Според весникот „Аарец“, Нетанјаху, кој се наоѓа под истрага заради сомненние за корупција, бил изненадан кога разбрал за снимката.

Полицијата, во четвртокот вечерта, го распрашуваше цели пет часа, во вториот ваков распит во последната недела.

Израелските медиуми овој случај го оценуваат како „земјотрес“, што може да има последици за политичката иднина на Нетанјаху.

Засега нема коментар ниту од премиерот, ниту од сопственикот на весникот „Једиот ахронот“, Нони Мозес.

Телевизијата „Канал 2“ соопшти дека Нетанјаху предложил да се ограничи тиражот на бесплатиот дневен весник „Израел хајом“, сопственост на американскиот милијардер и донатор на Републиканската партија во САД, Шелдон Аделсон, доколку „Једиот ахронот“ на премиерот му предложи понаклонето медиумско исвестување.

Евентуалните дејствија за ограничување на тиражот на „Израел хајом“ на Мозес може да му донесат финансиски бенефити, откако приходите од реклама на неговиот весник беа намалени од работата на неговиот бесплатен конкурент.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска