Нетанјаху бара зголемување на санкциите кон Иран

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска апелираше до светските сили брзо да ги зголемат санкциите кон Иран доколку Техеран го реализира планот за пречекорување на производството на збогатен ураниум.

Ако Иран ги реализира своите закани, меѓународната заедница мора веднаш да го примени однапред дефинираниот механизам на санкции, посочи Нетанјаху.

Тоа значи дека Иран ќе произведе повеќе ураниум отколку што му е дозволено со Договорот од 2015 година односно до 2031 година ќе надмине над 300 килограми.

Официјален Техеран минатиот месец им се закани на лидерите на Европска унија дека имаат рок од 60 дена да ја редифинираат својата улога во Договорот од 2015 година, кој според голем број аналитичари е „ништовен“ откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година ги повлече САД и повторно воведе санкции против Техеран.

Претходно, иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Европа има малку време да го спаси меѓународниот нуклеарен договор со Техеран по повлекувањето на Вашингтон.

– Сега е пресуден момент, а Франција се уште може да работи со другите потписници на Договорот и да одигра историска улога за да го зачува Договорот во овој многу краток временски период, истакна Рохани.

Тој додаде дека пропаѓањето на нуклеарниот договор не би бил во интерес ниту на регионот ниту на светот.

Во меѓувреме, портпаролот на иранската Агенција за атомска енергија Бехроуз Камалванди изјави дека веќе е зголемено производството на ураниум во Центарот за нуклеарни истражувања во Натанц, кој се наоѓа во централната провинција Исфахан.

Иранските медиуми денеска објавија дека Техеран ќе објави нови чекори кои се однесуваат на помало почитување на нуклеарниот договор.

Иран тогаш предупреди дека ќе започне збогатување ураниум на повисоко ниво доколку светските сили во рок од 60 дена не ја заштитат неговата економија од американските санкции.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск