Несреќа во Јапонија: „Данѓири“ се преврте врз луѓе, 11 повредени

Од:

Во јапонскиот град Сакаи денеска се повредени 11 лица кога врз нив се преврте голема дрвена фестивалска количка наречена „данѓири“.

Како што пренесува порталот NHK Japan, три лица се тешко повредени, а најмалку едно се здобило со скршеница на ногата, иако се додава дека сите повредени останале при свест.

Повредените изјавиле дека тие, кои стоеле на количката и ја влечеле по улицата, биле приковани под неа откако таа се превртела.

Пожарникарите во тој град соопштија дека до превртувањето на количката висока околу два метри дошло по традиционалното движење „јаримаваши“ при што со голема брзина се влечат коли по улиците.

Би можело да ве интересира

Јапонија призна: Нашата армија не може да ја заштити земјата

Јапонија почна да испушта прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот

Силен земјотрес во Јапонија

Тајфун во Јапонија и Јужна Кореја, откажани сите летови и возови: Се заканува уште едно невреме

78 години од атомскиот напад на Хирошима

Поплави во Јапонија: Најмалку две лица загинаа, шест се исчезнати