Во Колумбија уништени околу осум тони кокаин

Од:

Колумбиските копнени и воени единици уништиле околу осум тони кокаин, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител на земјата.

Кокаинот бил уништен во лабораториите во Каука и Нарињо, се наведува на веб-страницата на колумбиската влада.

Првата воена операција се случи во село во областа Сантакруз де Гуахавез во Нарињо, каде имало повеќе од 3.800 килограми кокаин. Дополнително, властите заплениле повеќе од 3.000 галони хемикалии и 3.900 килограми цврсти материи кои припаѓаат на Ослободителната национална армија позната како „Хаиме Тонџо Обандо“.

Во друга операција, во селото Ла Либерија, во општина Хамунди, Вале дел Каука, уништена е уште една лабораторија во која имало 3.500 килограми кокаин, повеќе од 400 килограми кокаинска паста и кока, како и 6.000 литри хемикалии. Се верува дека лабораторијата припаѓала на организираната вооружена група на ГАО-р Еструк Хаиме Мартинез.

Би можело да ве интересира

На преминот „Блато“ спречен шверц на десетици дози кокаин

Шпанската полиција заплени еден тон кокаин oд „Балкански картел“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Во Антверпен запленети 7,7 тони кокаин