Нереди во главниот град на Јужноафриканската Република

Од:

Јужноафриканската полиција испука гумени куршуми кон демонстрантите во Преторија, откако протестот прерасна во нереди кога беа запалени неколку продавници.

До нередите дојде откако локални таксисти се судрија со локални дилери. Таксистите, наводно, одлучиле да ги нападнат продавачите на „њаопа“, улична дрога во Јужноафриканската Република.

Локални медиуми јавуваат дека еден таксист бил убиен во судирот, по што стотици таксисти со своите возила ги блокираа улиците и го запреа градскиот превоз. Полицијата апелираше на возачите да го избегнуваат тоа подрачје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

(ВИДЕО) Најмалку 63 загинати во големиот пожар во Јоханесбург

Јужна Африка: Најмалку 58 лица загинаа во пожар во зграда во Јоханесбург

Трагедија во Јоханесбург: Пожар избувна во петкатница, има загинати

Горан Наумовски