Неофицијално околу четири и пол милиони Французи се заразени од Ковид-19

Од:

Се проценува дека четири и пол милиони Французи биле заразени од коронавирус од почетокот на епидемијата.

Проценката за бројот на заразените Французи ја даде професорот Арно Фонтане од институтот Пастер.

– Четири и пол милиони заразени, тоа ни изгледа и многу и малку. Бројот е голем во однос на регистрираните случаи, бидејќи тоа зависеше од симптомите и од располагањето со тестови. Истовремено ова е мал број кога се зборува за фамозниот колективен имунитет, односно пропорцијата на заразени Французи што ќе овозможи спречување на ширењето на вирусот, за што се потребни 66 проценти, односно 40 милиони. Значи далеку сме од колективен имунитет, нагласи Фонтане.

Последниот извештај на француските здравствени власти покажува дека за 24 часа починале 31 лице, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 28,802.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден