Ненадејни експлозии на шахти во Њујорк

Од:

Неколку експлозии во шахти, по што следел и пожар, избувнаа синоќа во една од централните улици на Менхетен, а полицијата во Њујорк веднаш интервенирала, објавија американските медиуми.

Како мерка на претпазливост биле евакуирани посетителите во театарот „Њу Ворлд стејџес“, каде што требало да се одигра популарниот мјузикл „Момците од Џерси“.

Нема информации за повредени лица при експлозиите.

Според неколку очевидци, шахтите западно од 50-та улица во квартот Хелс кичен ненадејно експлодирале.

Реонот бил блокиран од полицијата, а се истражува причината за инцидентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

Силен земјотрес го погоди Њујорк; Пристигна итно известување

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Почина жената која беше повредена во експлозијата во Параќин