Немири во фабриката Foxconn во северна Кина

Од:

Избија Немири во фабриката Foxconn во северна Кина. Судирите на илјадниците работници и полицијата траеја се до утринските часови.

Над 40 лица беа повредени за време на немирите кои избија во просторот ната Foxconn во северна Кина. Фабриката Foxconn е позната во Кина по две работи: како прво во неа се произведуваат делови и се составуваат познатите iPhone, а другата е многу лошата ситуација во која работниците живеат и работат.

Информациите говорат како избувнала масовната тепачка во која биле вклучени околу 2.000 работници. Foxconn ја затвори фабриката, по немирите. Кинеската државни медиуми известуваат дека на местото пристигнале 5.000 полицајци со цел ставање под контрола на немирите. Наводно немирите траеле до утринските часови. Компанијата Foxconn издаде соопштение во кое е наведено дека фабриката Taiyuan ќе се затвори, се додека трае истрагата во врска со вчерашното насилство.

Фотографии кои се појавија на кинеските социјални мрежи покажуваат големи судири на работниците со полицијата, кршење прозорци и големи разорнувања. Повеќето медиуми велат дека работниците се судриле меѓу себе, но, другите информации говорат за да сосема различен развој на настаните. Наводно, работницитесе побуниле откако еден припадник на обезбедувањето почнал да тепа работник.

Тајванската компанија Foxconn е една од најголемите работодавци во Кина, со вработони околу 1,2 милиони работници. Екстремно лошите услови за работа во фабриките доведоа до неколку бунтови на работниците, но исто така и до масовни самоубиства. Згора на тоа, самоубиствата на работниците станаа толку чести што компанијата беше принудена да инсталира безбедносни мрежи за работниците да не се фрлаат во смрт. Само тој факт доволно ги опишува нехуманите услови кои преовладуваат во овие производствени погони.

Apple е еден од главните соработници Foxconn, нивниот iPhone и другите нивни производи се составуваат во овие фабрики. Поради ова Apple е често мета на критики, но сепак, со целата масовна хистерија и продажба на новиот iPhone 5, Apple не покажуваат преголема загриженост, но ниту кинеските власти кои им овозможуваат на компаниите да работат на таков начин слободно функционираат во нивната област. Сепак, се чини дека кинеските работници нема да бидат единствени жртви на експлоатација на Foxconn. Компанијата минатата недела најави дека наскоро ќе потпишат договор од 500 милиони долари со Бразил за изградба на фабрика во близина на градот Сао Паоло.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката