Нема судири на истанбулскиот плоштад Таксим

Од:

По 20 часа судири меѓу демонстрантите и полицијата на централниот истанбулски плоштад Таксим, денеска е мирно, јавија западни медиуми.

Околу три часот по полноќ по локално време полицијата ги испука последните гранати со солзавец врз демонстрантите кои се обидуваа да стигнат до плоштадот.

Општинските служби почнаа да го чистат плоштадот. Блиндирани автомобили на полицијата се пред културниот центар Ататурк.

Во паркот Гези каде е камп на демонстрантите се уште има луѓе, но е мирно, се додава во извештаи на западни медиуми.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски