Нема потреба од мобилизација, тврди претседателот на Азербејџан

Од:

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека во моментот нема потреба од мобилизација во таа држава поради ескалацијата на тензиите на границата со Ерменија.

– Во моментов нема потреба од тоа. Нема потреба од мобилизација, рече Алиев, додавајќи дека Владата ќе стори се што е можно за да ја поддржи својата армија.

Беспилотни летала и тешка артилерија беа користени во судирите меѓу ерменските и азербејџанските сили во вторникот, а 16 лица загинале на двете страни, вклучувајќи и азербејџански генерал.

Конфликтот на чувствителната ерменско-азербејџанска граница избувна во неделата.

Азербејџан објави дека 11 војници од таа земја и еден цивил се убиени во текот на трите дена од конфликтот, додека Ерменија објави дека четворица нејзини војници биле убиени во вторникот.

Би можело да ве интересира

Целодневни судири во Нагорно-Карабах, се бројат мртви на двете страни

А1он

И Азербејџан прогласи воена состојба, Ерменија размислува за признавање на независноста на Нагорно-Карабах

А1он

Пашинијан: Турција да биде спречена да се вклучи во конфликтот

А1он

Баку: Ослободивме неколку стратешки точки во Нагорно-Карабах

А1он

Ерменија во денешните судири во Нагорно-Карабах уништила 10 тенкови, 4 хелкиптери и 15 беспилотни летала на Азербејџан

А1он

Акар: Ерменија веднаш да ги прекине провокациите кон Азербејџан, Анкара го поддржува Баку

А1он