Неколку лица се убиени во престрелката во швајцарската фабрика

Од:

Неколку лица се убиени и сериозно ранети во престрелка во фабрика за дрвени материјали во швајцарскиот град Менцнау, во кантонот Луцерн, соопшти полицијата, без да ја прецизира бројката, но според очевидец, во инцидентот загинале пет лица. Други извори соопштуваат за тројца загинати, меѓу кои и напаѓачот и за седум ранети.

Еден маж влегол изутрината во мензата на фабриката, каде отворил оган. Засега не е познато какви биле неговите мотиви, а не е познат ниту неговиот идентитет.

Четири лица, кои се тешко ранети се пренесени со хеликоптер на спасувачките служби, а фабриката е оградена од полицијата.

Во компанијата „Кроноспан“, каде се случи нападот, работат околу 450 лица.

Швајцарија е на трето место во светот, според бројот на оружје, кое го поседуваат цивили, по САД и Јемен. Земјата нема национален регистер за оружје, но се смета дека секој третти граѓанин од осумте милиони жители на Швајцарија поседува огнено оружје. Секој граѓанин на Швајцарија, кој наполнил 18 години може да побара дозвола за купување до три парчиња оружје.

Би можело да ве интересира

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски

Пензионер од Србија во Швајцарија ја уби сопругата на неговиот внук