Неколку јужноамерикански земји бараат повеќе време за „Ковакс“

Од:

Бразил и неколку други земји од Латинска Америка ја информираа Светската здравствена организација дека им треба повеќе време да го потпишат планот Ковакс, осмислен за да обезбеди еднаков пристап до вакцините против Ковид-19.

Земјите имаат намера да се посветат на напорите да обезбедат еднаков пристап до вакцините за коронавирусот, а планот Ковакс може да биде потпишан до петок на полноќ.

Претставник на Глобалната алијанса за вакцинација (ГАВИ), одговорен за барањата за продолжување на рокот за „Ковакс“, потврди дека деталите за земјите потписнички на планот ќе бидат достапни само по истекот на рокот.

Во соопштението на бразилската Влада се вели дека земјата, заедно со неколку други, ги продолжува разговорите со ГАВИ за продолжување на рокот за формализирање на своето учество во Ковакс.

Бразил е на третото место во светот според бројот на заразени, зад САД и Индија, со над 4,4 милиони потврдени случаи. Од Ковид-19 во оваа земја починале околу 135.000 луѓе, најмногу во светот после САД.

Мексико, латиноамериканската земја која е најтешко погодена од пандемијата по Бразил, објави дека ќе го потпише планот пред истекот на крајниот рок.

Колумбискиот претседател вчера потврди дека ќе се приклучи на „Ковакс“, додека Министерството за здравство во Парагвај објави дека веќе го потпишало овој план.

Повеќе од 170 земји во светот се приклучија на глобалниот план за еднаква дистрибуција на вакцини против коронавирусот низ целиот свет, објави вчера генералниот директор на СЗО.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски