Неколку градови евакуирани поради пожар на островот Гран Канарија

Од:

Неколку места се евакуирани на шпанскиот остров Гран Канарија, поради големиот шумски пожар кој се шири кон националниот парк Тамадаба и области популарни помеѓу туристите. Како што соопштија службите за итни случаи околу 1.000 луѓе се евакуирани.

За гаснењето на пожарот на околу 30тина километри од градот Лас Палмас се коистат авиони и хеликоптери.

Властите преку „Твитер“ соопштија дека пожарот претставува опасност за националниот парк на западниот дел од островот, како и за неколку градови.

Според полицијата пожарот е предизвикан од апарат за лемење. Во саботата во врска со случајот беше уапсен 55-годишен маж.

Би можело да ве интересира

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија