Некој од Вирџинија, каде што е седиштето на ЦИА, се обидел да го хакне Твитер-профилот на руската вакцина „Спутник V“

Од:

Активноста на официјалниот профил на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ на Твитер денеска беше ограничена од страна на социјалната мрежа, откако биле забележани „невообичаени активности“.

Државниот Руски фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој го финансира производството на вакцината и управува со нарачките и пласманот, денеска соопшти дека се обидува да ја открие причината за блокадата, која сепак не го спречи пристапот до профилот „Спутник 5“.

Подоцна вечерта, Русите објавија дека Твитер ја симнал блокадата и им дозволил пристап до профилот, откако социјалната мрежа утврдила можен безбедносен пробив кој потекнува од корисник на „Ајфон“ во американската сојузна држава Вирџинија.

„Благодарам, Твитер“, напиша „Спутник V“ во твитот, без да го искоментира фактот што токму во Вирџинија, близу градот Ленгли, е седиштето на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

„Следете не за да видите како „Спутник 5“ се бори против Ковид-19, спасува животи и ги подига економиите,“ додадоа Русите на крајот на пораката.

Вакцината „Спутник V, која во август стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот, е произведена од научниот институт „Гамалеја“, со поддршка на државниот фонд РДИФ.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија