Нека стане пракса: Маж осуден да и плати 204 илјади евра на жената за чистење по дома

Од:

Прашањата за рамноправноста ги повторуваме секоја година на 8.март – Меѓународниот ден на жената. Темата, во ерата кога жените еднакво зарабoтуваат, но ги задржуваат и традиционалните обврски во домаќинството и родителството, останува отворена.

Современата жена и работи, готви, чисти по дома, пере, ги чува децата – и се тоа некако се подразбира како да е нејзина должност и обврска, а не заедничка со партнерот.

Затоа оваа вест доаѓа како нарачана за денот на жената.

Чистењето и одржувањето на домот не е бесплатно. Така одлучил шпански судија во Малга, Шпанија. Тој во пресуда во бракоразводна парница, јасно пресудил дека разведена жена треба да биде компензирана со сума од над 200.000 евра за неплатената домашна работа и нега за време на нејзиниот 25 годишен брак.

Според одлуката, Ивана Морал која има 48 години, ги извршувала сите обврски околу одржувањето на домот, но и семејниот бизнис. Сумата судот ја доделил имајќи ја предвид минималната плата која важела во времето на нивниот брак и досудил дека таа имала право на таа месечна плата за периодот од 25 години. Вкупната сума која мажот треба да и ја исплати како неисплатена плата е 204,624.86 евра.

Во тужбата се барало признавање на таквиот надомест, бидејќи жената „била лишена од секаква можна кариера поради нејзината посветеност на домот и семејството“. Спротивно на тоа, мажот „во текот на годините на бракот го зголемувал својот имот“, а и не сакал неговата жена да работи.

Разведениот пар имал склучено и предбрачен договор според кој немаат заеднички имот туку на чие име е имотот нему му припаѓа. И судот сметал дека тоа е доволен доказ дека мажот се богател, додека жената го одржувала домот. Судот земал во предвид дека екс сопругот изградил успешен бизнис со теретани, си купил Порше Каен, Ровер, скап BMW мотор, како и фарма со маслинки која е проценета на 4 милиони евра.

Но ова не е се, сопругот на Ивана треба да и плаќа и 500 евра месечно, како и по 400 и 600 евра месечно на нивните две ќерки кои имаат 20 и 14 години.

Ивана е пресреќна со пресудата и вели дека е заслужена и праведна.

– Јасно како ден е дека ова беше случај на злоупотреба. Јас бев комплетно исклучена од финансиите од страна на мојот сопруг. И по разводот останав без ништо, а сите овие години цело свое време и енергија му го посветив нему, на домот и на нашите ќерќи. Никогаш не ми беше дозволен пристап до финансиите и се беше на негово име, се што купивме за време на бракот е на негово име, вели таа.

Ивана се надева дека оваа пресуда ќе ги инспирира жените ширум светот да си ги бараат своите права. Дури ни со предбрачен договор не смее да ве остави без ништо, доколку сте се грижеле за домот и не сте работеле, вели таа.

Марта Фуентес, адвокатка на тужителката вели дека првично при разводот жената не добила буквално ништо освен половина од куќата во која живееле. Таа работела се , но во негова сенка и тоа не е во ред. Затоа жената одлучила да ја поднесе оваа тужба во која барала месечна плата за секој месец поминат во брак со екс сопругот, што сега судот и го досуди.

Адвокатите на бизнисменот, екс–сопруг, најавиле дека ќе се жалат на пресудата.

Би можело да ве интересира

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку 13 повредени во пожар во станбена зграда во Валенсија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Валенсија

Горан Наумовски