Неидентификуван воен авион ракетирал нафтено поле во Сирија

Од:

Неидентификуван воен авион денеска нападнал област богата со нафта во источна Сирија, контролирана од владините сили и иранските групи, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Велика Британија.

Во соопштението на Центарот се наведува дека се слушнале пет експлозии во овој напад, втор во последната недела, но во него нема жртви или материјална штета.

Дир Ез-Зор е стратешка провинција која се граничи со Ирак и има нафтени полиња. Полицијата и режимските сили поддржани од Иран ја контролираат областа и често се мета на израелски напади.

Израел во текот на годините изврши стотици напади врз цели во Сирија, но ретко презема одговорност.

Минатата недела во израелски ракетен напад врз предградијата на сирискиот главен град Дамаск загинаа четворица војници, а тројца беа ранети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети

ВИДЕО: Израелците ракетираа град во Сирија

Катерина Ѓуровски

Нападната е американска воена база во источна Сирија

Горан Наумовски