Нехамер: Австрија беше, е и ќе остане неутрална, членството во НАТО не е опција

Од:

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Прага истакна дека членството во НАТО за Австрија не доаѓа предвид.

-Австрија беше, е, и ќе остане неутрална, рече тој за време на посетата на Чешка.

Според Нехамер, не се поставува прашањето за членството на Австрија во НАТО, бидејќи, како што кажа, има сосема поинаква историја од Шведска и Финска. Тој потсети дека двете земји се прогласиле за неутрални и имаат заедничка граница со Русија.

-Затоа постои разбирање дека тие сакаат да се приклучат кон воената алијанса, но за Австрија тоа не доаѓа предвид, нагласи Нехамер.

Канцеларот кажа и дека Австрија е целосно солидарна со Украина во рамките на ЕУ.

Австриската министерка за одбрана Клаудија Танер, исто така, истакна дека секоја земја сама треба да одлучи дали ќе влезе во сојуз.

Во Австрија, посочи таа, состојбата уставно-правно е јасна и неутралноста е дел од Уставот.

Танер, исто така, кажа и дека „неутралноста е во срцата на Австријците“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена