Небензја: САД и НАТО би сакале да се заборават злосторствата во Авганистан

Од:

Рускиот постојан претставник во Обединети нации, Василиј Небензја изјави дека САД и НАТО не спроведоа истрага за злосторствата извршени во Авганистан поради очигледната уцена на Вашингтон.

Тој на вчерашната средба на Генералното собрание на ОН наведе дека Западот би сакал „сите да заборават на неодговорните акции на американската и на НАТО армиите, кои редовно вршеа неселективни воздушни напади врз обичните Авганистанци“.

– И да не зборуваме за ноќни рации и вонсудски убиства на цивили, вклучително и жени и деца, посочи Небензја.

Тој додаде критиките на САД за кршење на човековите права се цинични и лицемерни.

– Тоа е типичен став на САД и нивните сојузници кон воените злосторства извршени од нив на други кризни точки, вклучително Ирак, Сирија и Либија, истакна Небензја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мекгрегор: Русија нема да престане до целосен пораз на Украина

Предраг Петровиќ

Имотот на украинските олигарси на Крим вреди милијарди

Американски волонтер загина во Бахмут

Русите во 2022 година купиле над 50 тони златни прачки

Горан Наумовски

Кремљ: Не е точно дека шефот на ЦИА ни понудил таен мировен договор

Ана Ололовска

Захарова: ЕУ тоне во рецесија, а Украина ја влече на дното

Ана Ололовска