Навални утре на слобода, судот го одби барањето за продолжување на казната

Од:

Судот во Москва денеска го одби барањето на директорот на затворот во кој опозицискиот лидер Александар Навални отслужува казна од 30 дена, за продолжување на казната за 18 часа, така што тој утре ќе биде на слобода.

Навални, кој важи за најголем непријател на Кремљ, минатиот месец беше осуден на 30 дена затвор поради организирање недозволени протести на опозицијата.

Додека беше во затвор, Навални доби силен осип на лицето, за кој лекарите рекоа дека е последица на алергиска реакција. Поради осипот, тој помина 18 часа во болница. Некои негови приврзаници сметаат дека тој бил отруен.

Директорот на затворот побара да му се продолжи казната за тие 18 часа поминати во болница, но судот во Москва го одби тоа барање.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он