Навални префрлен во затворска колонија одалечена 200 километри од Москва

Од:

Рускиот опозиционер Алексј Навални е прерфлен во затворска колонија одалечена 200 километри од Москва. Тој таму ќе ја отслужува зтворската казна од две и пол години.

Навални еден период ќе биде во карантин, а потоа ќе биде преместен во една од казнените колонии во областа Владимир.

Според пишувањата на руските медиуми во оваа колонија важат “ вообичаените правила“, а тоа значи дека затворските услови се нешто подобри во однос на останатите затвори.

Ваквите казнени колонии се наследство од поранешниот советски Сојуз. Поголемиот дел од затворските казни во русија се служат токму логори кои се значително одалечени од градовите.

На Навални минатата недела му беше потврдена пресудата за случајот за проневера од 2014 година.

Опозиционерот беше приведен на 17. јануари при влезот ов Русија од Германија каде речиси пет месеци се опоравуваше од труење за кое го обвинува Кремљ.

Би можело да ве интересира

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Нападнат е близок соработник на Навални