Навални од затворот Колчугино: Добар сум!

Од:

Москва, 3 март 2021 (МИА) – Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше осуден на две и пол години затвор во февруари, денеска од својата затворска ќелија преку Инстаграм објави дека е „добро“.

„Сè е во ред. Во дворот има дури и справа за вежбање”, наведе Навални и додаде дека се наоѓа во затворот Колчугино, источно од Москва.
Противникот на Кремљ истакнува дека тој сè уште не ги добил писмата, а уште помалку знае што се случува во надворешниот свет откако е пренесен од затворот во Москва.

Навални вели дека „убива“ време во ќелијата правејќи двопек на радијаторот со уште двајца затвореници.

„Никогаш не сум мислел дека тоа може да биде толку возбудлива активност. Се надевам дека и вие сте добро и дека не ви е досадно”, додаде Навални, кого го следат 4,2 милиони луѓе на Инстаграм. Не е познато како Навални успеал да испрати порака на социјалните мрежи од строго чуваниот затвор во кој не се дозволени мобилни телефони и нема интернет. Неговата бранителка Олга Михаилова не сакаше да го коментира тоа.

Таа рече дека го посетила во новиот затвор и дека е во карантин со уште двајца затвореници, чекајќи да го префрлат во некоја казнена колонија.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски