Научниците предупредуваат од пораст на нивото на океаните со топењето на поларниот лед

Од:

Голем дел од моќниот леден покривач на западен Антартик почна да се распаѓа, а неговото продолжено топење сега изгледа несопирливо, објавија две групи на научници во понеделникот. Ако овие откритија се потврдат, тоа навестува дека топењето може да ги дестабилизира соседните делови од ледената покривка, и да го подигнат нивото на морињата за повеќе од три метри, кое повеќе може да биде неизбежно во следните векови.

Глобалното загревање предизвикано од ослободените гасови во стаклена градина од човекот помогнаа да се дестабилизира ледената покривка, иако можеби тука се вклучени и други фактори, рекоа научниците. Порастот на нивото на морињата по се изгледа ќе продолжи бавно во текот на 21-иот век, додаваат научниците, но во подалечна иднина, тоа може забележително да се забрза и да го внесе светот во криза.

– Ова навистина се случува, рече во интервју Томас Вагнер, кој ја води програмата на Наса за поларниот лед, и помага да се надгледува некои истражувања. „Сега нема ништо што може ова да го сопре. Но сеуште сме ограничени во сознанијата физички колку брзо ледот може да се движи“.

Два научни труда објавени во понеделникот, од списанијата Сајанс и Џеографикал рисрч летерс, дошле до слични заклучоци преку различни средства. И девет групи научници откриле дека глечерите на западен Антарктик се повлекле доволно за да доведат до неповратна нестабилност на ледената покривка, онаква за која научницте стравуваат веќе неколку децении. Наса свика телефонска прес конференција во понеделникот, за да ја истакне итноста од откритијата. Ледената покривка на западен Антарктик лежи во длапка во вид на полутопка во почвата, а основата на ледот е над нивото на морето. Топлата океанска вода предизвикува ледот кој е во обрачот околу полутопката да се тенчи и повлекува. Кога предниот дел од ледот се повлекува од обрачот и навлегува во подабоките води, може да се да навлезе и во подлабоки води, и може да се повлече многу побрзо отколку што било претходно.

Во еден од новите извештаи, тим предводен од Ерик Рињот, глечерист на Универзитетот на Калифорнија во Ајрвин, користел сателитски и воздушни мерења за да го документира забрзаното повлекување на шест глечери кои се топат во регионот на Амундсеновото море во изминатите неколку децении. А со последните мапирања на теренот под ледената покривка, тимот може да го прооцени присуството на било какви планини или брда кои се доволно значајни за да го забават повлекувањето.

– Денес презентираме согледани докази дека голем дел од ледената покривка на западен Антарктик неповратно се повлекла, рече д-р Рињот на прес конференцијата на Наса. „Таа ја помина точката од која нема враќање“.

Овие шест глечери самите можат да предизвикаат нивоата на водата во океаните да порасне за 1,30 метри, онака како што исчезнуваат, можеби за неколку века, рече д-р Рињот. Тој додаде дека нивното исчезнување најверојатно ќе ги дестабилизира другите сектори од ледената покривка, па крајниот пораст може да биде и три пати поголем.

Посебен тим предводен од Иан Југин од Универзитетот на Вашингтон, прошучувал еден од најважните глечери, Твејтс, со помош на софистицирано компјутерско моделирање заедно со последните мерења за движењето на ледот. Тимот исто така открил дека бавното распаѓање станало неизбежно. Дури и ако топлата вода го јаде ледот и тој се повлекува, веќе е „предоцна да се стабилизира ледената покривка“, рече д-р Југин. „Не постои таков механизам за стабилизација“.

Двата тима работеле независно и подготвувале извештаи кои се објавени во распон од неколку дена. Откако се дознало дека нивните резултати се слични, тимовите и нивните изданија се согласиле да ги објават откритијата во ист ден.

Новите откритија изгеда се исполнување на предвидувањата од 1978 година на познатиот глечерист Џон Мерсер од Државниот Универзитет на Охајо. Тој ја потенцирал кревката природа на ледената покривка од западен Антарктик и предупредил дека брзото ослободување на гасови од стаклена градина предизвикано од човекот претставуваат „закана која води до катастрофа“. Тој тогаш бил исмеван, но во последниве години научниците со се поголема загриженост следат како се одвиваат настаните на скоро ист начин како што ги предвидел д-р Мерсер (тој починал во 1987 година).

Научниците рекоа дека ледената покривка не се топи заради повиската температура на воздухот, туку заради релативно топлата вода која се појавува природно во длабочините на океанот, и која во изминатите неколку децении излегува на површината со се поголем интензитет заради силните ветрови кои дуваат околу Антарктикот.

И иако причината заради силните ветрови е сеуште нејасна, многу истражувачи го сметаат глобалното загревање предизвикано од човекот како значаен фактор за тоа. Ветровите помагаат Антарктикот да биде изолиран и да биде ладен на површината, но како што продолжува глобалното загревање, тоа значи поостри температурни разлики помеѓу Антарктикот и остатокот од планетата. Температурната разлика обезбедува понатамошна енергија за ветровите, кои за возврат ги матат океанските води.

Некои научници веруваат дека озонската дупка над Антарктикот – предизвикана не од глобалното загревање, туку од сосема различен еколошки проблем, односно од човек предизвиканото ослободување на гасови кои го уништуваат озонот – можат исто така да дадат енергија за ветровите. И природните разлики можат исто да придонесат, иако научниците не веруваат во нивниот примарен фактор.

Глобално, нивоата на морињата растат уште од 19-иот век, но Антарктикот досега беше мал фактор. До денес, најголемиот фактор е морската вода која расте како што се затоплува. Но топењето на ледената поривка и од Гренланд и од Антарктикот се очекува да биде далеку поинтензивна во иднина. Научниот комитет на Обединетите Нации, Меѓувладиниот панел за климатски промени, предупреди дека глобално нивото на морињата може да порасне до еден метар до крајот на веков, ако не се вложат поголеми усилби за контрола на гасовите во стаклена градина. Новите откритија наведуваат дека ситуацијата има големи шанси да се влоши во следните векови.

Ефектите ќе зависат делумно од тоа колку пари идните влади ќе потрошат за заштита на брегот од порастот на нивото на водата. Истражување објавено во 2012 година открива дека пораст помал од 1,3 метри ќе поплави земјиште на кое денес живеат околу 3,7 милиони американци. Градовите Мајами, Њу Орлеанс, Њујорк и Бостон се најкревки.

Ричард Ели, научник за клима од Државниот Универзитет на Пенсилванија, кој не бил вклучен во новите истражувања, но со децении ја проучувал ледената покривка, рече дека откритијата во новите извештаи се вознемирвачки. Иако тој одамна стравувал за пропаѓањето на ледената покривка, кога дознал за новите сознанија „малку бев шокиран“, рече д-р Ели.

Тој додаде дека сега кога е неизбежен голем пораст на нивото на морињата од западниот Антарктик, продолжувањето на испуштање на гасови од зелената градина скоро со сигурност ќе ја влоши ситуацијата. Гасовите кои ја заробуваат топлината можат да ги дестабилизираат другите делови од Антарктикот, како и ледената покривка на Гренланд, што потецијално ќе предизвика доволен пораст на нивото на морињата што многу крајбрежни градови низ светот најверојатно ќе мора да бидат напушени.

– Ако навистина го распаливме фитилот на западен Антарктик, тешко е да се замисли као тој да се изгаси, рече д-р Ели. „Но постојат и грст други фитили, и постојат куп други чкорчиња, па мораме сега да ја донесеме одлуката: Дали и нив да ги распалиме?“

Њујорк тајмс – Њујорк

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска