Научниците од ЕСА и НАСА предупредуваат за опасност од голема соларна бура

Од:

Научниците од Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА предупредија на опасност од голема соларна бура која, како што тврдат, ќе предизвика хаос на Земјата до крајот на неделата на радио и ГПС уредите.

Научниците велат дека очекуваната соларна бура била предизвикана од силна експлозија на Сонцето што се случила вчера.

До крајот на неделата очекуваат аурорални светлосни емисии во средна географска широчина.

Соларната и хелиосферската опсерваторија на Европската вселенска агенција (СОХО) регистрираше многу светло и брзо коронално исфрлање на маса што се шири од југоисточниот крај на Сонцето.

Покрај тоа, опсерваторијата за соларна динамика на НАСА откри ударни бранови од експлозијата околу двата пола на Сонцето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пентагон: Вонземјаните можеби веќе интензивно ја истражуваат Земјата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Четиричлениот екипаж на вселенската капсула Crew Dragon слета на Земјата

Ана Ололовска

Четворица астронаути ја напуштија вселенската станица, откако беа половина година во вселената

Ана Ололовска

Русија ги враќа космонаутите од Меѓународната вселенска станица поради дефект на капсула

Ана Ололовска

Делови од сателит на НАСА би можеле да паднат на Земјата

Ана Ололовска

Капсулата на НАСА ја напушти лунарната орбита и се враќа на Земјата

Ана Ололовска