Научниците на СЗО задоволни од соработката со кинеската страна во Вухан

Од:

Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) распореден во Вухан за да го проучи потеклото на Ковид-19, соопшти дека кинеската страна дејствува отворено, обезбедува релевантни податоци и ги исполнува барањата на мисијата на СЗО за време на нивната работа.

Ова го потврди Владимир Дедков, заменик-директор за истражување на Институтот Пастер во Санкт Петербург и член на мисијата на СЗО во Кина.

– Пекинг не создава никакви пречки за нашата истражувачка активност. Така е уште од самиот пНаучочеток. Кинеската страна дејствува максимално отворено, обезбедува податоци, ги исполнува условите и учествува во дискусиите, не можам да кажам ништо лошо на таа тема, изјави Дедков.

Тој потврди дека експертите на СЗО кои се во Вухан, за да го испитаат потеклото на новата зараза со коронавирусот, не планираат да земаат примероци и нема да можат да одговорат на главните прашања за време на посетата, како на пример од каде потекнува новиот коронавирус и слично, туку тоа ќе го направи подоцна.

– Ова е само прва голема посета и во меѓувреме ќе се планираат понатамошни истражувања. Мислам дека не треба да земеме примероци за време на оваа мисија. Нашата задача е анализа и планирање, треба да изготвиме програма за истражување заедно со кинеската страна и ќе биде потребно одредено време да се спроведе, објасни Дедков.

Тој се воздржа да одговори на прашање за деталите на програмата на тековната мисија, додавајќи дека видел извештаи во медиумите во кои се наведува дека експертите на СЗО ќе бидат однесени во областите на живеалиштата на лилјаците.

– Прочитав дека треба да одиме во пештера и да фатиме лилјаци. Бев многу изненаден. Би ми било драго да го направиме тоа, но се сомневам дека тоа ќе се случи, рече рускиот експерт.

Тој исто така рече дека експертите на СЗО немаат клучна хипотеза за потеклото на вирусот.

– Ова е тоа што го правиме во моментов, ги разгледуваме сите можни хипотези, ги разгледуваме сите факти што ги имаме, ги подредуваме и потоа правиме соодветни заклучоци за тоа колку е веројатен одреден синџир на настани, објасни Дедков.

Тој смета дека тврдењето дека пандемијата на Ковид-19 почнала во различни делови на светот во исто време е само една од теориите што бара верификација.

Мисија на СЗО пристигна во кинескиот град Вухан на 14 јануари да го испита потеклото на новата инфекција со коронавирусот. По пристигнувањето, експертите на СЗО беа ставени во двонеделен карантин. Тој период беше искористен за онлајн консултации со кинески специјалисти, а потоа тие ја започнаа својата теренска работа. ј

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката