Научници тврдат дека нашле решение за штетните гасови од авионите

Од:

Научници од Универзитетот Оксфорд во Англија, соопштија дека можеби пронашле начин – како да го намалат загадувањето од авионите во воздухот.

Имено, тие успеале да претворат јаглерод диоксид – ЦО2 во гориво со испуштање на токсични гасови сведено на нула. Техниката се состои од загревање на мешавина од лимонска киселина, водород и катализатор составен од жива, манган и калциум, со цел да се претвори ЦО2 во течно гориво за авион. Таквиот пристап е евтин, едноставен и користи материјали што се достапни во околината.

Горивото во мигов се произведува само во лабораториски услови и во минимални количини (само неколку грама), но претставува голем напредок во производството на горива што не ја загадуваат животната средина. Се разбира, комерцијалната употреба бара многу работа и подобрување на техниките и процесите.

Засега нема начин како ефикасно да се соберат доволно количини јаглерод диоксид. Стручњаците бараат индустриски партнери, што ќе им овозможи масовно производство. Ако успеат во ова, тоа ќе биде исклучително полезно за авиокомпаниите, велат научниците.

Авионскиот сообраќај полека преминува кон почисти извори на енергија, а многу фирми планираат да купат електрични авиони или авиони што користат друг вид еколошки горива. Предноста на овој метод е тоа што не е потребно да се менува авионот бидејќи постојните мотори можат да користат гориво базирано на ЦО2.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов